Кошарка

МВР со детали за тепачката по натпреварот меѓу кошаркарските клубови Куманово и Пелистер

МВР со детали за тепачката по натпреварот меѓу кошаркарските клубови Куманово и Пелистер

На 16.11.2025 во 21:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода К.Ж.(23) од Куманово.

-Имено, по завршување на кошаркарскиот натпревар во спортска сала во Куманово помеѓу екипите на МКК Куманово и КК Пелистер од Битола, настанала физичка пресметка помеѓу навивачите на двете екипи, а биле физички нападнати полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Притоа, К.Ж. е забележан како со тврд предмет ги оштетува возилата на гостинскиот тим и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информира МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сите учесници во пресметката и за целосно расчистување на случајот.

To top