Кошарка ВasketNews

Миротиќ ќе пропушти еден месец поради повреда

Милано следната недела ќе одигра два натпревара од Евролигата, против Баерн и Партизан.

Миротиќ ќе пропушти еден месец поради повреда

Кошаркарот на Милано, Никола Миротиќ, поради повреда ќе отсуствува од терените еден месец, објави инсајдерот Лука Д’Алесандро.

Според соопштението на клубот, на играчот му се влошила повредата на левата Ахилова тетива. За повреда од неколку седмици пишува и „ВasketNews“.

Милано следната недела ќе одигра два натпревара од Евролигата, против Баерн и Партизан.

Црногорецот сезонава има просек од 17,6 поени, 6,2 скока и 1,0 украдена топка по натпревар во Евролигата.  (МИА)

To top