Кошарка

Марио Хезоња ќе стане најплатен кошаркар во Евролигата?

Марио Хезоња ќе стане најплатен кошаркар во Евролигата?

Иако се мислеше дека хрватскиот кошаркар се договорил со Панатинаикос, Барселона во последен момент влегла во трката и испратија понуда која што не се одбива.

Еден од најдобрите европски кошаркари наводно на маса има понуда која доколку ја прифати ќе стане најплатен кошаркар во Евролигата. Поточно, Барселона му нуди договор вреден седум милиони евра по сезона – бруто.

Хрватскиот кошаркар во Реал пристигна од Уникс Казан во 2022. Грчките медиуми пишуваат дека Панатинаикос каде настапуваше во 2020 и 2021 година сака да го доведе, но му нуди само два милиони евра по сезона.

Хезоња сезонава во Евролигата има просек од 13,7 поени, 4,4 скока и 0,9 асистенции по натпревар.

To top