Американскиот кошаркар со македонски пасош официјално потпиша двегодишен договор со Валенсија, откако минатата сезона во просек постигнуваше по 11,5 поени и 5,5 скокови во Гран Канарија во Еврокупот.
Хап досега во кариерата играше за Олимпијакос, Ваноли Кремона, Фортитудо Болоња, Динамо Сасари, Ризен Лудвигсбург, Рио Бреоган и Гран Канарија.