Новиот Американец во кошаркарската репрезентација на Македонија, Итан Хап имаше одлично деби на стартот од квалификациите за Европското првенство.
Натпреварот против Естонија во кој Македонија не одигра лошо и во голем дел од натпреварот имаше предност тој го заврши со дабл-дабл учинок од 18 поени, 10 скока и четири блокади.
Неговиот индекс е трет највисоко во првото коло од квалификациите за ЕП.