Кошарка

Мајк Џејмс се сели во Барселона?

Мајк Џејмс се сели во Барселона?

Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс, би можел да ја продолжи кариерата во редовите на Барселона.

Барселона беше поврзувана со Силвен Франциско, но еден од најдобрите бекови во Евролигата наводно сака прво да го тестира пазарот во НБА.

На Барселона не ѝ се допаѓа ова, сака што поскоро да го реши прашањето за играчите за следната сезона, а изборот наводно паднал на Џејмс.

Кошаркарот на Монако ги брои своите последни денови во редовите на клубот од Кнежевството, а како што објави „Мундо Депортиво“, Џејмс е најдобриот кандидат за засилување на редовите на Барселона.

Друга опција е Жан Монтеро, кој игра одлично во Валенсија, но има клаузула за излез за шпански тимови од еден милион евра, па Џејмс е многу пореална цел за Барселона.

To top