Кошарка НБА

Лејкерси поуспешни од Њу Орлеанс за трета победа по ред, Дончиќ забележа дабл-дабл

Најдобар стрелец на натпреварот беше Лука Дончиќ, кој забележа дабл-дабл со 27 поени и 10 скока.

Лејкерси поуспешни од Њу Орлеанс за трета победа по ред, Дончиќ забележа дабл-дабл

Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска го победи тимот на Њу Орлеанс дома во натпревар од регуларната сезона на НБА со 110:101.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Лука Дончиќ, кој забележа дабл-дабл со 27 поени и 10 скока. Словенецот имаше и седум асистенции.

Лејкерси (37 победи, 24 порази) го добија својот трет натпревар по ред и се шести во Западната конференција на НБА. Њу Орлеанс (19-44) е 13-ти на Запад.

Резултати на другите натпревари од НБА-лигата одиграни ноќта вторник кон среда:

Шарлот – Далас 117:90
Кливленд – Детроит 113:109
Орландо – Вашингтон 126:109
Мајами – Бруклин 124:98
Торонто – Њујорк 95:111
Чикаго – Оклахома 108:116
Минесота – Мемфис 117:110
Филаделфија – Сан Антонио 91:131
Сакраменто – Феникс 103:114.

To top