Кошарка

Кошаркарот на Олимпијакос ја заврши сезоната поради здравствени проблеми

Кошаркарот на Олимпијакос ја заврши сезоната поради здравствени проблеми

Грчкиот гигант Олимпијакос остана без услугите на центарот Мозес Рајт и за него сезоната е завршена, јавуваат медиумите кај нашиот јужен сосед.

Спортскиот директор на клубот, Кристос Бафес, изјави дека Рајт ќе остане играч на Олимпијакос, но оваа сезона повеќе нема да може да му помогне на тимот.

„Во прашање е посериозен медицински проблем, но најважно е што Рајт се чувствува добро. Оваа сезона за него е завршена, но ќе остане со нас и следната година“, изјави Бафес.

Високиот кошаркар сезонава имаше просек од 4,7 поени и 2,4 скока, но на паркетот минуваше нешто повеќе од 13 минути. Олимпијакос во моментов e третопласиран во Евролигата, со скор од девет победи и пет порази.

To top