Српскиот кошаркар Филип Петрушев дефинитивно нема да се пресели од Олимпијакос во Црвена Звезда пред стартот на новата сезона, иако двата клуба постигнаа договор за овој трансфер.
Повредата на Мустафа Фал придонесе трансферот да се одложи до завршувањето на Суперкупот на Грција, се требаше да биде финиширано до крајот на септември, но ситуацијата се искомпликува откако се повреди уште еден висок играч на Олимпијакос.
Центарот Никола Милутинов го повреди скочниот зглоб пред неколку дена, а деталните прегледи покажаа и оштетување на тетивата, па постои сериозна опасност одличниот центар да паузира и повеќе од два месеца од терените.