Кошарка

Кевин Пантер го облекува дресот на БиХ?

Кевин Пантер го облекува дресот на БиХ?

Кошаркарот на белграски Партизан Кевин Пантер би можел да биде огромно засилување за босанската репрезентација ако успее идејата на тамошното водство на Кошаркарскиот сојуз, тој да добие државјанство.

Во моментов сериозно се разгледува таа опција и треба брзо да биде решено бидејќи стартот на квалификациите за Европското првенство е закажан за февруари 2024 година.

Во комбинација е и кошаркарот на Макаби, Вејд Болдвин, но босанските љубители на кошарката навиваат, за националниот тим да заигра Пантер.

Американецот од Партизан минатите години беше интересен и за Кошаркарскиот сојуз на Србија, но до соработка не дојде.

To top