Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Стив Кер изјави дека на пријателскиот меч против Србија во среда ќе носи маица во чест на починатиот српски тренер, Дејан Милојевиќ.
Дејан Милојевиќ му беше помошник на Стив Кер во Голден Стејт, неговата смрт ги изненади сите, Србинот почина од срцев удар.
„Деки беше неверојатен пријател, тренер, татко и сопруг. Секој ден мислам на него. Кога ќе играме против Србија, дефинитивно ќе ја облечам својата маица „Брате““, рече Кер.
„Секако дека ќе зборувам и со луѓето од српската репрезентација, сигурен сум дека една од темите ќе биде и Дејан Милојевиќ. Верувам дека на сите многу ни недостасува“.