Кошарка

Кер: Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар на светот

Кер: Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар на светот

Кошаркарската репрезентација на САД ја победи Србија со убедливи 105-79 во подготвителен меч пред Олимпијадата во Париз. По натпреварот селекторот на американската репрезентација Стив Кер изјави дека е задоволен од настапот на неговиот тим и дека Јокиќ е најдобриот играч во моментот во светот.

– Стануваме се подобри и мислам дека сме на добар пат. Секогаш може подобро и знаеме дека на Србија ѝ недостасуваа неколку стартери, во два дена играа два натпревари. Ми се допаѓа начинот на кој моите играчи излегоа на терен и се бореа во одбраната. Направивме добра работа.

Никола е најдобриот играч на светот. Добар е во се, но вечерва не беше негов ден. Имаа натпревари ден за ден, се уште се подготвуваат за ЛОИ. одговори Кер.

To top