Кошарка

Кавај Ленард потпиша договор вреден 152,4 милиони долари

Кавај Ленард потпиша договор вреден 152,4 милиони долари

Кавај Ленард потпиша нов договор со екипата до крајот на сезоната 2026/27 и истиот вреди 152,4 милиони долари.

Ленард беше едно од главните имиња на листата со слободни агенти за 2024 година и имаше опција од 48,8 милиони долари за сезоната 2024/25, но искусниот кошаркар стави потпис на нова соработка со Клиперс.

„Воодушевени сме што ја продолживме соработката со Ленард. Тој е одличен кошаркар кој знае како се победува. Мило ни е што потпиша нов договор и ќе продолжиме заедно кон нови успеси“, соопшти тимот.

To top