Канадскиот кошаркар, Ксавиер Ратан-Мејс официјално потпиша двегодишен договор со Реал Мадрид, соопштија од најтрофејниот европски клуб.
30-годишниот плејмејкер минатата сезона играше за тимот на Јенисеј, каде просечно бележеше брилијантни 25,7 поени 4,4 асистенции и 4,3 скока во силната ВТБ лига.
Претходно во кариерата играше уште за Мемфис во НБА лигата, АЕК од Атина, Бнеи Херцлиу, Скарборо, Мелбурн и Денизли во Турција.