Денес американските медиуми пренесуваат нови изненадувачки вести, а повторно се врзани за репрезентативната кариера на американскиот кошаркар Кајри Ирвинг.
Кошаркарот на Далас, во иднина можно е да настапува за репрезентацијата на Австралија, со оглед на тоа дека е роден во Мелбурн и нема никакви пречки за такво нешто.
Тој за Олимпијадата во 2028-мата ќе има 36 години, па неизвесно е во каква форма ќе биде тогаш и дали воопшто ќе може да ѝ помогне на Австралија.