Шарунас Јасикевичиус и Георгиос Барцокас се „зајадоа“ крај аут линијата и влегоа во жестока конфронтација за време на поздравот откако заврпи мечот помеѓу Фенербахче и Олимпијакос, а клинчот побара реакција од останатите луѓе кои беа блиску до нив. Двајцата тренери „војната“ ја продолжија и во микс-зоната.
– Пред да си одиме дома, би кажал нешто за однесувањето на домашниот тренер. На крајот тргнав да му подадам рака, а тој ме нападна, покажа тотално непочитување. Сакам само да знаете дека тој беше тој што ме нападна, – изјави Гркот Барцокас.
– Слушнав дел од коментарите кои ги изговори и морав да му одговорам. Ова е вторпат како ме учи да си го водам тимот. Првиот пат го направи тоа додека беше во Химки. Нема да дозволам на ниту еден тренер да ми суфлира од линијата и да му кажува што да правам со мојот тим. Тоа за мене е неприфатливо, – возвратил тренерот на Фенербахче, Литванецот Јасикевичиус.
Tension boiled over between Jasikevicius and Bartzokas right after the game ended 😳 pic.twitter.com/qxZuknepGs
— BasketNews (@BasketNews_com) October 4, 2024