Кошарка

Избегната трагедија на мечот меѓу Басконија и Барселона (ВИДЕО)

Избегната трагедија на мечот меѓу Басконија и Барселона (ВИДЕО)

Екипата на Басконија ја совлада Барселона во 24. коло од шпанската АЦБ лига со резултат 103-96, но за време на еден тајм-аут, за малку не се случи голема трагедија.

Инцидентот се случи кога танчерките ја забавуваа публиката, а во еден момент од таванот на салата се откачи голем рефлектор кој падна и силно тресна на паркетот, веднаш покрај танчерската група.

Официјалните лица веднаш го расчитија нередот, натпреварот продолжи, но ако рефлекторот паднеше директно врз нечиjа глава, последиците сигурно ќе беа големи.

Од Басконија веднаш се огласија со соопштение и најавија истрага за неодамна монтираните рефлектори, а воедно изразија жалење за непријатната случка која за среќа заврши со позитивен епилог.

To top