Италијанскиот клуб Трапани Шарк е исклучен од најдоброто кошаркарско првенство (Лега А), како резултат на финансиски и организациски проблеми.
Клубот долг период се соочуваше со сериозни тешкотии, вклучувајќи финансиски проблеми и заминување на повеќе играчи, што резултираше со низа порази и неисполнување на натпреварувачките обврски.
Во едно од последните кола, Трапани истрча на теренот со мал број кошаркари и натпреварот беше прекинат по неколку минути игра, што уште повеќе ја влоши ситуацијата.
Како последица на тоа, надлежните тела одлучија да ги поништат сите резултати на Трапани од оваа сезона и да го исклучат клубот од тековното првенство.
Тоа значи дека натпреварите во кои учествувале играчите на Трапани нема да се вбројуваат во конечната табела, а распоредот на сезоната се менува со намалување на бројот на тимови.
Ова е тежок удар за клубот и за кошарката во Сицилија, кој во претходниот период постигна забележлив напредок, но на крајот не успеа да ги одржи натпреварувачките и административните стандарди потребни за опстанок во елитата.
Се очекува клубот да ги разгледа понатамошните чекори за иднината и евентуалното враќање во натпреварувачки ранг.