Кошарка

Хезоња полуде на пријателски натпревар и тргна да се пресмета со судијата (ВИДЕО)

Хезоња полуде на пријателски натпревар и тргна да се пресмета со судијата (ВИДЕО)

Шпанскиот кошаркарски шампион Реал Мадрид одигра пријателски меч со француски Монако, како дел од подготовките за новата сезона.

Реал Мадрид славеше со 77-75, но иако од пријателски карактер, натпреварот беше максимално интензивен и бурен, како да се работи за официјална средба

За тоа сведочи техничката грешка што за жесток протест ја доби тренерот на Монако, Саша Обрадовиќ, како и исклучувањето на хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња.

На средината од последната четвртина, Хезоња протестираше што не му е досудена лична грешка, нешто му дофрли на еден од судиите, а откако доби техничка, тргна кон него и му се закани по што мораа неговите соиграчи да реагираат да го оделат.

To top