Гордон Херберт имаше одличен учинок како селектор на германската кошаркарска репрезентација, а тој и неговите репрезентативци не успеаја да ги комплетираат успесите со олимписки медал.
По натпреварот Херберт пред новинарите и истакна дека Србите биле многу поквалитетен противник од Франција, селекцијата која ја победи Германија во полуфиналето.
– Не завршивме како што посакувавме, но овие момци дадоа се од себе изминативе три години. Честитки за Србија и нека ми извинат Французите, ама српската селекција беше најквалитетен противник со кого се соочивме досега на овие Олимписки игри, – рекол Херберт.