Кошарка

Грција против Турција во полуфиналето на ЕП

Грција против Турција во полуфиналето на ЕП

Репрезентацијата на Грција успеа да се пласира во полуфиналето на Евробаскет 2025 откако вечерва во четвртфиналето ја совладаа Литванија со 87:76 (24:19; 20:19; 20:14 и 23:24).

Нивни противник во полуфиналето ќе им биде селекцијата на Турција, која во првото четвртфинале ја совлада Полска со 91:77.

Најефикасен кај победничкиот тим беше Јанис Адетокумбо со 29 поени, додека кај Литванија Јонас Валанчиунас реализираше 24 поени и 16 скокови.

За Грција ова е прво полуфинале по 2009 година.

Полуфиналето Турција – Грција се игра в петок, а утре на програмата се другите два четвртфинални дуели: Грузија – Финска (почеток 16 часот) и Словенија – Германија (почеток 20 часот).

To top