Кошарка

Германската кошаркарска репрезентација доби нов селектор

Германската кошаркарска репрезентација доби нов селектор

Кошаркарската репрезентација на Германија не успеа да освои медал на Летните Олимписки Игри .

Со ова завршува една ера затоа што си заминува селекторот Гордон Хеберт кој ќе биде нов тренер на Баерн Минхен, но интересни се вестите кои доаѓаат за тоа кој ќе го наследи ка клупата на актуелните светски шампиони.

Нов предводник ќе биде 45-годишниот Алекс Мумбру, шпанска кошаркарска легенда која како стратег нема преголемо искуство и ги има водено Валенсија и Билбао. Вестите се дека ќе потпише повеќегодинешн договор и официјално ќе биде претставен во наредните денови.

Дебитото пак ќе го има на 22 ноември кога Германија ќе се соочи со Шведска во квалификациите за ЕП 2025 година.

To top