Кошарка

Франција со десеткуван состав на ЕП

Франција со десеткуван состав на ЕП

Селекторот на француската репрезентација, Фредерик Фату, денес го објави конечниот список од дванаесет кошаркари кои ќе настапат на Европското кошаркарско првенство.

Во составот се најдоа Ајзеја Кординије, Билал Кулибали, Силвен Франсиско, Џејлен Хорд, Мухамаду Жаите, Тимоте Луваву-Кабаро, Тео Маледон, Ели Окобо, Закари Ризашер, Александре Сар, Метју Стразел и Гершон Јабуселе.

Франција ќе настапи значително ослабена на Европското првенство, бидејќи поради повреди или други причини отпаднаа Винсен Поарије, Матијас Лесор, Руди Гобер, Виктор Вембањама и Еван Фурние.

На шампионатот кој почнува на 27 август, Франција ќе се натпреварува во групата Д заедно со домаќинот Полска, како и со Словенија, Исланд, Белгија и Израел.

To top