Кошарка

ФОТО: Шекил О’Нил на гости кај Ердоган и Хидајет Туркоглу

ФОТО: Шекил О’Нил на гости кај Ердоган и Хидајет Туркоглу

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретна со поранешната ѕвезда на американската Национална кошаркарска асоцијација (НБА) – Шекил О’Нил во Центарот за развој на кошарката „Турксел“ во Истанбул денеска. На настанот, двајцата играа кошарка, се дружеа со млади спортисти и потпишуваа кошаркарски топки, јави Анадолија.

На настанот присуствуваа и турскиот министер за труд и социјална политика, Ведат Ишихан, министерот за млади и спорт, Осман Аскан Бак, директорот на Турската разузнавачка служба (МИТ), Ибрахим Калин, претседателот на Турската кошаркарска федерација (ТБФ), Хидајет Туркоглу, кој 15 сезони играше во НБА, како и синот на претседателот – Билал Ердоган, и пратеници од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во Турција.

Турскиот претседател објави и снимки од средбата со О’Нил на својот Инстаграм-профил.

Пензионираниот центар Шекил О’Нил е четирикратен шампион во НБА со Лос Анџелес лејкерс, олимписки шампион со САД во Атланта во 1996 година и светски шампион од Торонто во 1994 година. Се смета за еден од најголемите играчи во историјата на светската кошарка. Во текот на 20 сезони во НБА-лигата од 1992 до 2011 година, тој играше и за Орландо, Мајами, Феникс, Кливленд и Бостон. Учествувал во НБА „Ол-стар“ натпреварот 15 пати, а во 2017 година беше примен во Кошаркарската куќа на славните.

To top