Кошарка избрани најдобрите по првиот дел од сезоната

Евролига: Кампацо најдобар кошаркар на половина од сезоната, Обрадовиќ најдобар тренер

Кошаркарската Евролига ја објави традиционалната анкета во која генералните менаџери на сите екипи вклучени во натпреварувањето ги избираат најдобрите по првиот дел од сезоната.

Евролига: Кампацо најдобар кошаркар на половина од сезоната, Обрадовиќ најдобар тренер

За најкорисен играч (МВП) е прогласен кошаркарот на Реал Мадрид, Факундо Кампацо, кој освои 55.6 отсто од гласовите.

За најдобар тренер е прогласен стратегот на белградски Партизан, Жељко Обрадовиќ со 33.3 отсто освоени гласови.

Според резултатите од анкетата, најголеми шанси за пласман на фајналфор турнирот има Реал (88.9 отсто), пред Монако (66.7), Барселона (66.7) и Партизан (44.4).

Фајнлфорот е на програмата од 24 до 26 мај во Берлин во Мерцедес – Бенз Арена со капацитет од 14.500 седишта.

Полуфиналните дуели ќе се играат на 24 мај од 18 и 21 часот, а натпреварот за третото место и финалето два дена подоцна од 17 и 20 часот.

To top