Кошаркарскиот тим на Црвена Звезда го победи Баерн Минхен со 101:77 на натпревар од 12. коло во Евролигата.
Иако многумина очекуваа израмнета борба, меч на една, две топки, домашните играчи му одржаа вистинска лекција на противникот кој во Белград пристигна со голема самодоверба по огромната победа од 22 разлика над Барселона.
Меѓутоа уште еднаш се покажа дека секоја пресметка, натпревар е различен, па Звезда на денешниот покажа далеку повеќе, доби три од четирите четвртини, најдоминатна беше во третиот период кој заврши со резултат 29:10. Петрушев беше прво име со 25 поени, 5 скока и 3 асистенции.
Во Грција пак Висилиус Спанулис му зема мерка на поранешниот клуб и актуелен европски шампион Панатинаикос и тоа на дебито како предводик на Монако.
Францускиот тим триумфираше со 91:88, лидер беше Диало со 24 поени, најголема поддршка му беа Лојд и Окобо кои заедно додадоа 29 кошеви.
Кај Панатинаикос за кои ова беше петти сезонски пораз, Нан реализираше 23 кошеви.
На последната средба Асвел го надигра Анадолу Ефес со 97:82.