Познати

Кралицата Камила и Кејт Мидлтон не се поднесуваат: Широките насмевки во јавност се само маска, а ова е причинатa

Заладените односи меѓу двете дами се префрлија и на односнот меѓу Чарлс и Вилијам, а главната причина за се е љубомората.

Кралицата Камила и Кејт Мидлтон не се поднесуваат: Широките насмевки во јавност се само маска, а ова е причинатa

Иако во јавноста се чини дека кралицата Камила и Кејт Мидлтон имаат близок однос, странските медиуми пишуваат дека тоа неодамна се променило и дека меѓу нив се појавил проблем кој им ја нарушил врската.

Насмеаните лица се наводно само маска, а Камила ја гледа Кејт како закана.

Станува збор за грижата на кралицата Камила за тронот што го чека откако се омажи за Чарлс. Таа ужива во влијанието кое доаѓа со статусот на кралица, а идејата да го предаде тронот не и е толку драга.

Камила ја сфаќа својата работа многу сериозно и сака нејзиниот сопруг да остане на тронот што е можно подолго.

-Таа ги сака своите обврски. Цел живот сакаше да биде кралица, па не сака тоа така брзо да го пушти, открива извор.

Тој додава дека Камила особено не сака да и ги префрли должностите на Кејт.

-Тие отсекогаш имале затегнати односи, откри тој.

Иако таткото и синот се блиски и секогаш подготвени за пријатна соработка, на Чарлс и Камила им е јасно дека народот ја фаворизира помладата кралска двојка која еден ден ќе го наследи тронот.

To top