Кошарка

Дубаи официјално стана дел од АБА-лигата

Дубаи официјално стана дел од АБА-лигата

AБА лигата дефинитивно е подготвена за ширење со клуб од Дубаи, информациите кои се најавуваа сега се и потврдени.

Потврдата стигна од првиот човек на АБА лигата, Милија Војиновиќ. Младинскиот тим на Дубаи во наредниот период ќе учествува на АБА турнирот за кошаркари до 19 години. Овој тим е предводен од грчкиот стратег Петро Краспулос и веќе извесно време тренира на Златибор.

„Морам да кажам дека ми е многу мило што на претстојниот јуниорски АБА-тирнир што ќе се одржи од вторник од четврток ќе се соберат 14 екипи од целиот регион, плус Дубаи. Со претставниците на клубот од Дубаи контактиравме подолго време, беа водени разговори за најразлични начини на соработка и секако дека ова е само прв, почетен чекор.

Плодот на разговорите придонесе од страна на клубовите сопственици на АБА на тимот од Дубаи да му се додели специјална вајлд-карта што тој веднаш ја прифати и веќе и практично стана наш партнер и дел од регионалната кошарка“, изјави првиот човек на АБА.

To top