Кошаркарскиот Еврокуп ги објави учесниците за настап во елитното кошаркарско натпреварување за новата сезона, а меѓу нив нема да биде Дубаи, иако се најавуваше дека скапиот проект ќе се натпреварува со другите тимови.
Клубот не сакал да плати 1,5 милиони евра за специјална покана во Еврокупот, а дополнителна причина е тоа што дури и да ја освои титулата немало да добие покана за настап во Евролигата.
Дубаи останува само во АБА-лигата, по што ќе се организира состанок и ќе се реши неговата иднина.