Кошарка

Дубаи од следната сезона ќе игра во АБА-лигата

Дубаи од следната сезона ќе игра во АБА-лигата

Кошаркарскиот клуб Дубаи официјално се приклучи на АБА-лигата, односно доби свое место во следната сезона.

Раководството на лигата соопшти дека бил потпишан тригодишен договор со Дубаи, кој ќе им плати 7,5 милиони евра на останатите екипи за учество во лигата.

„Клубовите од АБА-лигата ја препознаа визијата на Дубаи. Најпрво да се зголеми квалитетот на натпреварувањето, а потоа да се отвори вратата за нов пазар“, кажа првиот човек на АБА-лигата, Дубравко Кметовиќ.

To top