Кошарка

Дубаи ќе игра во Евролигата и АБА-лигата

Дубаи ќе игра во Евролигата и АБА-лигата

Реномираниот кошаркарски портал „Јурохупс“ објави дека кошаркарскиот клуб Дубаи ќе заигра во Евролигата и АБА-лигата, а тоа официјално треба да биде потврдено во вторник и среда.

Само две екипи се противат на идејата за влез на Дубаи во натпреварувањата, но очигледно поголемиот дел од акционерите во Евролигата ќе дадат „зелено светло“ за влез на тимот.

Поддршка на оваа идеја пристигна од Паулиус Мотиејунас и Дејан Бодирога, кои од самиот почеток беа на страната на Дубаи.

Дубаи следната сезона треба да настапи во Еврокупот, а една сезона подоцна да се приклучи на Евролигата.

To top