Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ потврди дека ќе настапи за својата Словенија и на престојниот Евробаскет кој ќе се одржи во 2025 година.
Како што вели еден од најдобрите кошаркари на денешницата, за него е чест да игра за својата татковина.
„Едвај чекам да играм за мојата татковина. Гордост, чест и радост е да играш за својата држава. Јас ќе го направам тоа“, изјави Дончиќ по триумфот на неговиот Далас против Вашингтон.
Постои шанса Дончиќ да игра за татковината пред своите навивачи бидејќи Словенија е една до државите кои изјави желба да го организира Евробаскетот во 2029 година.
„Тоа би било остварување на сонот. Да играм пред моите сонародници на еден голем турнир каков што е Евробаскетот“, додаде Дончиќ.