Кошарка НБА-лига

Дончиќ со трипл-даблот ги предводеше Лејкерси до победа над Минесота

Минесота има идентичен биланс и е четврта на Запад.

Дончиќ со трипл-даблот ги предводеше Лејкерси до победа над Минесота

Лос Анџелес лејкерс утрово на домашен терен ја победија Минесота со 120:106 во натпревар од НБА-лигата.

Најдобар стрелец на натпреварот беше бекот на домашниот тим Лука Дончиќ, кој оствари трипл-дабл од 31 поен, 11 скока и 11 асистенции.

Лејкерси ја остварија својата трета победа по ред и се петти во Западната конференција на НБА со 40 победи и 25 порази.

Минесота има идентичен биланс и е четврта на Запад.

Лидер во оваа конференција е Оклахома сити со 51 победи и 15 порази, додека прв на Исток е Детроит пистонс со 46 победи и 18 загубени натпревари.

To top