Кошарка

Домантас Сабонис се повреди, најмалку две недели во “аут”

Домантас Сабонис се повреди, најмалку две недели во “аут”

Кошаркарот на Сакраменто, Домантас Сабонис ќе биде надвор од теренот најмалку една недела поради повреда на задната ложа заработена на саботниот натпревар против Хјустон.

Литванскиот центар заработи повреда без контакт по што не беше во можност да се врати на теренот.

Деталните прегледи утврдија дека не станува збор за мала повреда па тој нема да биде дел од натпреварите на Сакраменто оваа седмица по што дополнително ќе биде прегледан пред да се врати на терените.

Сабонис оваа сезона бележи просек од 19.5 поени, 14.1 скокови и 6.2 асистенција на 52 одиграни натпревари.

To top