Некогашниот кошаркар Владе Дивац во последното интервју за хрватските медуми зборуваше на различни теми, а притоа призна една голема грешка во кариерата.
Додека беше генерален менаџер на Сакраменто кингс, Дивац не се обидел да го ангажира Дончиќ и посочи дека направил грешка.
„На таа позиција го имавме Де Арон Фокс. Во тој момент сметав дека Фокс е кошаркар кој може да стане одличен играч, времето ќе покаже дали згрешив. Како што стојат работите во моментот, делува дека сум направил грешка, но верувам во Фокс“, кажа Дивац.