Кошарка

Далас со нова победа и на еден триумф пред големото НБА финале (ВИДЕО)

Далас со нова победа и на еден триумф пред големото НБА финале (ВИДЕО)

Екипата на Далас Маверикс одигра уште еден одличен натпревар и со победа од 116-107 над Минесота Тимберволвс поведе со 3-0 во серијата од финалето во Западната конференција, па се наоѓа на еден триумф од големото НБА-финале.

Натпреварот го одбележаа двете ѕвезди на Далас Маверикс, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг кои погодуваа кога беше најпотребно. Двајцата комбинираа повеќе од 50% од поените на својот тим.

Двајцата дадоа по 33 поени за Далас, додека кај Минесота, Едвардс заврши со 26 поени, пред Конли со 16 поени.

Следниот натпревар меѓу Минесота Тимбервулвс и Далас Маверикс се игра на 29 мај.

To top