Кошарка НБА лига

Далас ја отвори серијата со брејк против Минесота

Далас ја отвори серијата со брејк против Минесота

Избраниците на Џејсон Кид ја отворија серијата со триумф 105:108, правејќи брејк на теренот на Минесота кои ќе бидат домаќини и на втората средба во серијата на финалето од Западната Конференција.

Кајри Ирвинг одигра одлично прво полувреме (24 од вкупно 30 поени), Лука Дончиќ ги постигна клучните поени во последниот период (15 од 33 поени во последниот период), па најголемите ѕвезди на Далас со вкупно 63 поени и добра распределба на реализациите се најзаслужни за позитивниот резултат.

Солиден придонес кај Маверикс имаа и Вашингтон со 13, Гафорд со 10 и Лајвли со 9 поени.

На спротивната страна, најдобар реализатор беше МекДениелс со 24 поени, додека Ентони Едвардс го заврши дуелот со за него скромни 19 поени, од кои ниту еден не беше уфрлен во третиот период.

Вториот натпревар во серијата се игра во петок наутро.

To top