Олимпијакос како лидер ја пречека Ц.Звезда во Пиреја, па иако за очекување беше лесно да ја оправда фаворитската улога, на крајот видовме голем подвиг на српскиот великан.
„Црвено-белите“ ја освоија Пиреја со мудра и храбра игра во текот на сите 40 минути, и со таков пристап сосема заслужено запишаа нова победа во најсилното европско друштво.
Прекината на црната серија прави Звезда да се врати на шестата позиција, нешто што беше најавено уште во првата четвртина против Олимпијакос.
Звезда ги доби воведните 10 минути со 20:8 и навести дека е дојдена да прави сензација, а најголемата предност ја имаше на крајот на втората четвртина кога имаше плус 16.
Олимпијакос не се откажа и дојде до само „минус три“, но Звезда повторно најде вистински рецепт и откако се одлепи на плус 10, беше јасно дека ќе ја зачува победата.
На крајот, гостите славеа со 73:81, а играч на мечот беше Гиедраитис со 20 поени.