Кошарка

Баскет Кам и МЗТ Скопје во финалето од Купот на Македонија

Баскет Кам и МЗТ Скопје во финалето од Купот на Македонија

Екипите на Баскет Кам и МЗТ Скопје ќе се борат за трофејот за пехарот во Купот на Македонија.

Кошаркарките на Баскет Кам прво си ја завршија работата и ја добија Крива Паланка рутински со 90:70. Клубот од Македонска Каменица имаше пеколна прва и последна четвртина, два периоди во кои искомбинира дури 61 поен што беше повеќе од доволно да си го трасира патот до финалето.

Зубац уфрли 21 поен, Димова пак имаше дабл-дабл од 19 поени и 10 скока. Кај Крива Паланка, Мазик заврши со 23.поени.

Далеку понеизвесна беше битката меѓу МЗТ и Вардар која заврши со резултат 69:64. Се водеше жестока борба во која аеродромки излегоа како победнички и утре ќе се обидат да го одбранат трофејот кој го освоија лани.

Митева со 22 и Томас со 19 беа најдобри поентерки.

To top