Кошарка

Барселона во игра за потписот на македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс

Барселона во игра за потписот на македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти Џеј Шортс покажува одлични игри сезонава во дресот на Париз од Франција и веќе неколку пати е прогласен за најдобар играч во Евролигата.

Барселона веќе покажува интерес да го ангажира Ти Џеј Шортс за следната натпреварувачка сезона.

Плејмејкерот има договор со Париз кој истекува во 2025 година, а според шпанскиот „Спорт“ неговата плата е релативно ниска во споредба со најголемите ѕвезди на европскиот спорт: 450.000 евра по сезона.

Ти Џеј Шортс има просек од 18,8 поени, 2,7 скокови и 7 асистенции по натпревар.

 

To top