Џастин Андерсон е ново име во кошаркарската секција на Барселона со кого потпишаа договор на една година.
Минатата сезона во Евролигата просечно бележеше 6,1 поен по натпревар, додека во шпанското првенство беше за нијанса подобар, со учинок од 8,5 поени и 2,3 скока.
Во кариерата настапуваше за НБА тимовите на Далас, Филаделфија, Атланта, Бруклин, Кливленд и Индијана, а најдобар НБА скор имаше во сезоната 2016/7, кога во дресот на Филаделфија просечно постигнуваше 8,5 поени по натпревар.