Повредата на аргентинскиот плејмејкер од редовите на Барселона Никол Лапровитола на првенствениот натпревар против Басконија ги наруши плановите на стручниот штаб на каталонците, па почнаа интензивна потрага по негова замена.
Изборот падна на организаторот на играта на Жалгирис, Силвиан Франциско, кој е водечки стрелец на литванскиот претставник во Евролигата со просек од 13,2 поени по натпревар.
Франциско летово пристигна во Жалгирис по повеќе од солидна сезона во дресот на Баерн Минхен.