Џоан Пењароа и Барселона ја прекинаа соработката, потврдија каталонски те медиуми.
Барселона доживеа понижувачки пораз од Џирона (96:78), откако претходно загуби од Реал во евролигата и Мурсија во првенството.
„Тренерот на кошаркарскиот клуб Барселона, Џоан Пењароа, ја напушти позицијата прв тренер. Барселона му се заблагодари на Пењароа за неговиот професионализам и му посака многу успех во понатамошната кариера. Каталонецот го презеде тимот на почетокот на сезоната 2024/25, а привремено ќе биде заменет од помошникот тренер Оскар Орелана“, се вели во соопштението на Барселона.
Шпанските медиуми наведуваат дека долгогодишниот тренер на Зенит, Чави Пасквал е главен фаворит да го наследи Пењароа. Пасквал ја водеше Барселона од 2008 до 2016 година.