Барселона издвојуваа победа над Фенербахче од 83:75 во средбата од 33. коло во Евролигата.
Ова беше дуел исклучително важен за двата состави, за Фенер во борбата за лидерската позиција на табелата, додека за Барса во трката за плејоф, плејин борбата.
Паркер со 24 поени и 8 скока беше најдобар играч, Саторански додаде 15, а Пара запиша дабл-дабл од 15 поени и 12 скокови.
Хејс Дејвис со 20 кошеви беше најдобар кај поразените.