Кошарка сапуницата продолжува

Барса реши да се откаже од Хезоња

Барса реши да се откаже од Хезоња

„Мундо Депортиво“ објави дека Барселона се откажала од Хезоња, а причина е неговата изјава дадена по освојувањето на титулата со Реал пред неколку дена.

– Убаво е што ја освоивме титулата во Шпанија, но се чувствувам лошо бидејќи ја загубивме европската титула во најлошиот натпревар кој го одигравме сезоанва.

– Ова многу ми значи. Би сакал да им возвратам на навивачите со уште многу титули следниве години. Чувствувам како овој тим и навивачите да ми се семејство, тие ме пречекаа со раширени раце додека многу луѓе зборуваа за мене лоши работи. Затоа сакам да бидам овде уште две години и да им возвратам на луѓето од Мадрид, – изјавил Хезоња.

Ваквата изјава ги налутила во таборот на Барселона, па сега веројатно е дека ќе му пропадне договорот на Хезоња, според кој требаше да заработува 3 милиони евра по сезона. Каталонците вниманието го свртеле кон Кевин Пантер и Американецот сега е поблиску до преселба во овој клуб.

To top