Атланта ноќеска го победи Њујорк во четвртфиналето на НБА Купот со 108:100.
Напаѓачот на Хокс, Де’Андре Хантер постигна 24 поени и беше најефикасниот играч на натпреварот. Дабл-дабл забележа Треј Јанг со 22 поени и 11 асистенции.
Атланта во полуфиналето ќе игра против Милвоки. Натпреварот ќе се одигра на 15 декември.
Во другото полуфинале на НБА Купот ќе се соочат Оклахома Сити и Хјустон рокетс.