Кошарка

Антиќ и Чековски ги израдуваа децата од Заводот за рехабилитација

Антиќ и Чековски ги израдуваа децата од Заводот за рехабилитација

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација Перо Антиќ, и тим-менаџерот на сениорската репрезентација, Ѓорѓи Чековски беа гости на Заводот за рехабилитација на деца и на младинци – Топанско Поле – Скопје.

Посетата на оваа јавна установа од социјален карактер, ја искористија да ги израдуваат децата со доделување на посебни подароци, односно кошаркарски топки и новогодишни пакетчиња, момент кој што наиде на огромно воодушевување.

Потег за поздрав на претседателот на Македонската кошаркарска федерација и тим-менаџерот на сениорската репрезентација.

To top