Кошарка

Андреј Шошкиќ во идеалната петорка на дебитанти на конференцијата

Андреј Шошкиќ во идеалната петорка на дебитанти на конференцијата

Македонскиот кошаркар Андреј Шошкиќ продолжува да реди признанија во својата прва сезона во НЦАА лигата.

Тој беше избран во идеалната петорка на дебитанти на сезоната во Крајбрежната атлетска конференција.

Нашиот репрезентативец во текот на сезоната неколкупати беше прогласуван за дебитант на неделата во својата конференција, а ова признание претставува уште една потврда за неговите добри настапи и придонес на паркетот.

Шошкиќ, кој има 20 години, настапува за тимот на Стони Брук.

Неговиот состав има уште еден натпревар до крајот на регуларниот дел од сезоната, по што следува плејофот познат како „Мартовско лудило“, во кој веќе имаат обезбедено учество.

Во досегашниот дел од сезоната, македонскиот плејмејкер бележи просек од 9,9 поени, 2,7 скока и 2,4 асистенции по натпревар, со 49,6 проценти успешност во шутот од игра.

To top