Вести Трилер „мајсторка“ во Првата лига

Лудата тројка со која Шошкиќ го однесе Работнички во полуфиналето (ВИДЕО)

Лудата тројка со која Шошкиќ го однесе Работнички во полуфиналето (ВИДЕО)

Работнички влезе максимално фуриозно во мајсторката со Пелистер и отвори со плус 16 во првата четвртина, но како што одминуваше времето, така битолчани се враќаа во мечот и на крајот се изборија за инфаркт завршница.

Во последниот напад за гостинскиот тим, Пелистер израмни на 79:79 и се доби впечаток дека ќе се игра продолжение, меѓутоа така не мислеше и Андреј Шошкиќ.

Талентираниот кошаркар кој наредната сезона ќе биде дел од колеџ кошарката во Америка му донесе полуфинале на Работнички на херојски и сензационален начин ја заокружи со неверојатна тројка.

Шошкиќ ја презема одговорноста и погоди тројка со звукот на сирената, а фактот што тоа беше негов 11-то поен во низа, доволно говори дека на крајот самостојно го победи предизвикувачот од Битола.

Со извонредната серија во финишот, Шошкиќ стигна до 23 поени на натпреварот, со што беше втор најефикасен играч на мечот со еден поен помалку од Ѓуроски. Видеото погледнете го ТУКА

To top