Кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави го доби Бразил со 122:87 во последната средба од четвртфиналната рунда на Летните Олимписки Игри.
Избраниците на Кер дадоа 63 поени во првото полувреме, стекнаа предност од 27 кошеви, па вторите 20 минути беа чиста рутина со оглед на разликата во квалитетото, поточноо единственото отворено прашање беше со кој резултат ќе заврши соочувањето во Париз.
Букер уфрли 18, Едвардс 17 поени, двоцифрени беа уште Џејмс, Дурент, Ембид и Дејвис. Најефикасен на натпреварот беше бразилскиот центар Кабоко со 30 кошеви, плус 6 скока.
Ова значи дека САД во полуфиналето ќе се соочи со Србија која веќе ја совлада во групната фаза. Другиот дуел е Франција-Германија.